Брендон емотивно се збогува од Дилан
„Ми требаше неколку дена да сфатам како да го напишам ова“, објави актерот Џејсон Пристли, кој заедно со починатиот Лук Пери кој беше познатиот заводник Дилан, го глумеше Брендон во популарната серија „Беверли Хилс 90210“.
„Мојот пријател цели 29 години, беше навистина еден од специјалните луѓе кој ми беше многу важен. Тој не беше ѕвезда, тој беше неверојатно силна светлина која прерано згасна. Затоа сум и јас, клако и могумина други во толкава болка“, изјави Пристли за Лук Пери, кој го глумеше неговиот најдобар пријател во серијата.
„Ако сте ја имале таа среќа да го запознаете Лук, и ако некогаш сте се сретнале со него, знам дека сега сте тажни. Свеќата која гори двојно појако, гори двојно покусо. О Лук, ти силно гореше. Добра ноќ, сладок принцу“, е емотивната објава на актерот за својот колега и пријател.
Лук Пери почина во понеделникот во Калифорнија од последица на мозочен удар. Таа вест ја скрши и Шенон Доерти, која ја глумеше Бренда во популарната серија, сестрата на Брендон, а љубовта на Дилан.
„Вчера наутро примив повик кој ме скрши. Се мачам со оваа загуба и тешко ми е со сопствените мисли. Но, праќам љубов на неговото семејство и на пријателите кои беа благословени од неговата светлина во нивните животи и во мојот живот. Да сфатиш ека веќе го нема е невозможно“, е дел од објавата на Доерти.