Британска образовна доктрина инкорпорирана во одделите за Хуманистички науки и Психологија на СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк

Добивај вести на Viber

Во време на многу одлуки за изборот на високото образование, една од суштинските прашања на кои идните студенти треба да добијат одговор е што добиваат со уписот на одреден универзитет, каква диплома и применливо знаење што веднаш може да ги позиционира на глобалниот пазар на трудот. Во богатата понуда за високо образование, неговиот квалитет и применливоста е најмногу ценето и барано меѓу младите но добро информирани нови студенти.

Универзитет каде квалитетот на образованието највисоко се цени е СИТИ Колеџ Европскиот кампус на Универзитетот Јорк. Оваа меѓународна образовна институција е единствена во регионот која што им овозможува на студентите да имаат директен пристап до врвното британско образование. Претставува интегриран ентитет на Универзитетот Јорк и во својата образовна концепција ја применува доктрината на британското образование. Ги поврзува академските, истражувачките, националните и корпоративните мрежи низ целиот регион.


СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, го прават посебен и атрактивениновативните и разновидни дипломски и магистерски програми, кои според сведочењата на досегашните студенти се дизајнирани да ги опремат студентите со вештините и знаењата што им се потребни за да успеат во денешниот свет со брзо темпо и којшто постојано се развива.

Хуманистичките програми и студии на СИТИ Колеџим обезбедуваат на студентите можност да стекнат длабинско теоретско знаење, да работат на проекти од реалниот живот, приспособени на потребите на современиот пазар на труд, да изградат силен профил за вработување и да ги подобрат виталните професионални и вештини од 21 век преку различни можности за практикантска работа и волонтерство. Нашите искусни и високо квалификувани професори се посветени да им помогнат на студентите да го остварат својот целосен потенцијал и да ги подготват за успех во одбраната дисциплина“ според Д-р Вики Папахристу професор на Одделот за хуманистички науки.

Исто толку вреднуван е и Одделот за психологија, каде студентите што ќе дипломираат во прв циклус студии имаат право да станат членови на Британското психолошко друштво (BPS) и да ги искористат бројните придобивки од членството, како глобално признавање, вмрежување, пристап до стручната литература, високи стандарди во професионалната пракса, правна поддршка и многу повеќе.


А за тоа како се конципирани програмите, д-р Сузи Савиду, раководител на Одделот за психологија вели: „Програмата става значителен акцент на применетите знаења, преку активности на часовите и иновативно оценување како што се дневници и студии на случај, практични сесии во лабораторијата за невронаука и многу повеќе, помагајќи им на студентите да ги комбинираат теоријата и практиката. За време на нивните студии, на студентите им се нудат неколку можности да учествуваат во одделенски истражувања и практиканти за граѓански ангажман“.

Како ретко кој друг образовен центар, Одделот за психологија на СИТИ Колеџ има опремена лабораторија за неврофибек и ЕЕГ во просториите. Студентите можат да користат иновативни лабораториски технологии со напредна опрема и ресурси за нивните дисертациски проекти.

Освен овие две едукативни програми, СИТИ Колеџ за додипломски и постдипломски студии нуди и други атрактивните и компетитивни студиски дисциплини во одделите Бизнис администрација и економија, Компјутерски науки и Студии по англиски јазик и лингвистика. 


*Пр објава