Британски научници откриле дека постојат 6 типа на Ковид-19
Британски научници ги анализирале податоците кои ги собрале преку апликација за следење на симптомите на ковид-19, и откриле дека постојат шест типа на оваа болест кои се разликуваат според критериумот на симптомите.
Научниците од Кралскиот колеџ во Лондон утврдиле дека шесте видови на болеста се однесуваат и на степените на сериозност на инфекцијата, и на веројатноста дали на пациентот ќе му биде потребна помош при дишењето – како кислород или респиратор – доколку е хоспитализиран.
Оваа поделба е потребна заради полесно издвојување на групите на пациенти кои се изложени на најголем ризик и веројатно ќе им биде потребна болничка нега во идните бранови на епидемијата.
„Доколку на петтиот ден можете да предвидите кои се тие лица, тогаш имате време да им пружите помош и рани интервенции како следење на нивото на кислород и шеќер во крвта и да се погрижите да се соодветно хидрирани“, изјави лекарката-учесник во студијата Клер Стивс, пренесува Ројтерс.
Покрај кашлицата, треската и губењето на мирисот, често истакнуваните три клучни симптоми на ковид-19, собраните податоци покажуваат и други симптоми како главоболка, болка во мускулите, истоштеност, дијареа, збунетост, губење апетит и тешкотии со дишењето.
Ова се основните критериуми на студијата која ги опишува шест типа на ковид-19, така што на оние кои влегуваат:во типовите 4,5 и 6 имаат поголема веројатност да завршат во болница и веројатно ќе им биде потребна помош во дишењето, според истражувачите.
1. Сличен на настинка без повишена температура: главоболка, губење на чувството за мирис, болка во мускулите, кашлица, болка во грлото, болка во градите.
2. Сличен на настинка со повишена температура: главоболка, губење на чувството за мирис, кашлица, болка во грлото, зарипнатост, температура, губење на апетитот.
3. Гастроинтестинален: главоболка, губење на чувството за мирис, губење на апетитот, дијареа, болка во грлото, болка во градите, без кашлица.
4. Сериозен прв степен, омалаксаност: главоболка, губење на чувството за мирис, губење на апетитот, кашлица, повишена температуа, зарипнатост, болка во градите, истоштеност.
5. Сериозен втор степен, збунетост: главоболка, губење на чувството за мирис, губење на апетитот, кашлица, треска, зарипнатост, болка во грлото, болка во градите, збунетост, болка во мускулите.
6. Сериозен трет степен, абдоминален и респираторен: главоболка, губење на чувството за мирис, губење на апетитот, кашлица, реска, зарипнатост, болка во грбот, болка во градите, збунетост, болка во мускулите, тешкотии со дишењето, дијареа, болка во стомакот.
Еликсир кој ги чува белите дробови: Здрав и природен пијалак од оригано и мед