Бројот на оздравени и бројот на новозаразени во земјава скоро ист: За жал има починати

Во последното деноноќие се направени 1356 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 102 нови случаи на корона вирус. Најголем број на новодијагностицирани повторно се во главниот град Скопје 39, па потоа следи Штип со 13, па Куманово со 11 лица, Гостивар 8, Битола 6, Кичево 4, Прилеп, Охрид, Кавадарци и Свети Николе по 3, Тетово, Струга  по 2,  и по едно новозаболено лице со коронавирус во земјава во зиминативе 245 часа се регистрирани во Радовиш, Кочани, Демир Хисар, Македонски Брод и Виница 1, информираше министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје во изминатите 24 часа регистрира и 99 оздравени пациенти.

За жал има и 5 починати лица, пациент од Скопје, пациент од Кичево, пациент од Куманово, пациент од Прилеп и пациент од Штип.

Досега во земјата се направени вкупно 97550 тестирања на ковид -19.