БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД Е ВО ПОРАСТ: Дали и во Македонија се присутни „Ерис“ и „Фроникс“
Светската здравствена организација предупреди дека корона вирусот сè уште циркулира, а американските епидемиолози тврдат дека пандемијата сè уште не е завршена. Дали и кај нас ќе се појават или веќе се присутни новите соеви на корона вирусот Ерис и Фроникс, се очекува неделава здравствените власти да соопштат. Институтот за јавно здравје констатира дека во август има мал пораст на бројот на зболени од корона вирусот, нагласувајќи дека во однос на претходниот месец јули се регистрира зголемување на бројот на пријавени од КОВИД-19 за 4,6 пати. Сепак, во однос на август лани, односно 2022 кога сме имале нешто над 12.000, се регистрира многукратно намалување на заболените.
-Од заболените во август 2023, најголем број на заболени, одноно 34 се пријавени од Скопје, а највисока инциденца (73,4/100.000) се регистрира во Кавадарци. Триесет и пет од заболените лица се реинфекции. Во текот на месецот пријавено е едно починато лице. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната групата над 60 години (n=44; 39,3%), се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.
Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ во изјава за Фактор вели дека во текот на неделава ќе имаат состанок по што ќе соопштат одредени информации за корона вирусот во Македонија. Цени дека состојбата е далеку од алармантна, но според него се потребни одредени пдоготовки.