Бурна врска, љубов, трагедија: Животот на Оливера Марковиќ беше возбудлив, а еден настан во целост промени сѐ

Добивај вести на Viber

Легендарната актерка имала живот исполнет со љубов, но и болка и големи загуби...

Оливера Марковиќ е големо име во српската кинематографија, сите ја паметат по бројни улоги, а нејзиниот живот го одбележаа многу трагедии. И покрај сѐ таа остана позитивна до последниот ден, насмеана и полна со младелашка енергија.

Освен по одличната глума многумина Оливера ја паметат и по љубовите кои го одбележаа нејзиниот многу бурен живот. Таа како многу млада го запозна Раде Марковиќ, а ретко кој знае дека ги споила една голема трагедија.

По тој брак заплови во нов заеднички живот со Душан Булајиќ со кој остана до крајот на животот.

Првата голема љубов на својот живот, Оливера како тинејџерка ја запозна во разурнатиот Белград во 1944 година, кога на Универзитетот Коларц се собрала креативната младина со желба да создава театарски претстави.

View this post on Instagram

A post shared by istorijat™ (@istorijat)

Еден ден, Раде Марковиќ дошол на аудицијата, која според сопственото сведочење, лошо го одиграл својот дел, но бил примен.

На почетокот одржувале проби во Коларц, но откако ситуацијата со бомбардирањето станала сериозна, со Ерих Хелко, еврејскиот режисер на драми и опери кој ги подучувал, решиле да се преселат во вилата на Пера Радовановиќ на Пашино брдо.

На тој кобен ден сите пристигнале на време, освен веќе заљубената двојка. Судбината одредила  Раде и Оливера да се договорат претходната вечер дека утрото ќе се сретнат на Јужниот булевар, а потоа заедно ќе заминат на закажаното место. Раде стигнал прв во моментот кога над Белград се огласиле сирените и почнало жестокото бомбардирање.

Долго ја чекал Оливера која за среќа не се појавила на таа средба, а потоа тажно заминал сам на пробата. Пристигнувајќи во вилата затекнал страшна глетка. Местото каде што требало да се раѓа театарска уметност било срамнето со земја, а тој ден починале сите 40 уметници кои пристигнале на време.

Оливера Ѓорѓевиќ набрго потоа се омажи за Раде Марковиќ, а на 24 август 1946 година го добија синот Горан Марковиќ.

Раде и Оливера со години важеле за најубава театарска двојка во Белград. Доживеаја популарност за која ретко кој може и да сонува, но изгледа не беа подготвени да го издржат притисокот на јавноста и по 17 години брак се разведоа.

Потоа, Оливера го запозна својот голема Душан Булајиќ со кој најпрво започна емотивна врска, а потоа и брак, кој траеше повеќе од 30 години.

Овие два брака беа сосема спротивни еден на друг, а актерката во една прилика изјави дека се чувствува како да е мажена откако знае за себе.

Изгледа дека и на актерката и на нејзиниот нов партнер Душан им здодеала популарноста, па речиси ништо не откриваа за нивниот брак. Имаше многу шпекулации дека и по разводот била во врска со поранешниот сопруг Раде Марковиќ, што беше далеку од вистината.

фото: Принтскрин / Јутјуб