Бурниот љубовен живот на актерот Никола Којо: По една деценија, ја напушти Олга и пред олтар ја однесе 12 години помладата убавица

Добивај вести на Viber

Љубовниот живот на популарниот актер Никола Којо отсекогаш ги привлекувал љубопитните погледи на јавноста и медиумите

„Никола Којо е галантен по раскинувањето“, пишуваше во 2007-ма година, а споменатиот наслов се однесуваше на веста дека, наводно, по раскинувањето, станот во кој живееле заедно ѝ го оставил на поранешната партнерка.

Народната изрека дека кашлицата и љубовта не може да се сокријат ја потврдува и случајот со популарниот актер кој е познат по тоа што ретко дава интервјуа, а уште поретко зборува за својот приватен живот.

Кога во јануари 2007-ма година се појави со манекенката Александра Ѓуриќ на премиерата на филмот „Црни Груја и каменот на мудроста“, за познавачите тоа значеше крај на неговата десетгодишна романса со заболекарката Олга Поповиќ.

Иако цела деценија уживаа во љубовта, ниту Олга ниту Никола не покажаа желба да се експонираат пред медиумите. Згора на тоа, многумина не ни знаеја дека омилениот актер, кој во помладите денови беше познат како миленик на женската публика, е во сериозна врска.

Александра преку ноќ му го промени животот. Тогаш 38-годишниот актер се заљуби во дванаесет години помладата убавица и по само осум месеци врска ја однесе пред олтарот. Во септември 2007-ма година направија скромна свадба во Белград и заедно имаат три деца.

Публиката имаше можност да ја види убавата Александра во спотот на Здравко Чолиќ за песната „Моја драга“.

Пред да го запознае Којо, Александра Ѓуриќ беше успешна манекенка. На пистата носеше парчиња од светски брендови, но потоа се повлече од јавноста и се посвети на семејството.

Деновиве најчесто не се експонира, само понекогаш се појавува со сопругот на некоја свечена манифестација.

Извор: zadovoljna.nova.rs