Цеца и двата пати забременила со помош на ин витро: Имав само 22 години кога открив дека не можам да забременам

Добивај вести на Viber

фото:YOUTUBE PRINTSCREEN/instagram

На само 22-годишна возраст, Светлана Ражнатовиќ беше подложена на процес на ин витро оплодување, што го изврши најголемиот експерт во тоа поле, д-р Миленко Пророчиќ

Цеца и Аркан се верија на Божиќ во 1995 година, а се венчаа еден месец подоцна.

Пејачката Цеца, иако беше многу млада кога стана мајка, имаше проблем да забремени. Таа не се откажа од желбата да му подари дете на својот сопруг Жељко Ражњатовиќ Аркан, па на само 22-годишна возраст подлегна на ин витро оплодување.

Нејзиниот син Вељко е зачнат по вештачки пат, а тоа го овозможи најголемиот српски стручњак од тоа поле, д-р Миленко Пророшиќ, кој својот работен век го помина во ГАК „Народни фронт“ и како редовен професор на Медицинскиот факултет во Белград.

Патем, Цеца никогаш не криела дека за прв пат забремени со помош на медицината.

- Имав само 22 години кога открив дека имам проблем да забременам, па се решив за програмата за ин витро оплодување во болницата „Народни фронт“ со д-р Миленко Пророчиќ, кој е исклучителен експерт. Не ме интересираа предрасудите кои во тоа време преовладуваа во Србија затоа што сакав да имам дете повеќе од било што. Покојниот сопруг апсолутно ме поддржуваше и учествуваше со мене во целиот процес, иако беше очигледно дека тој нема проблем, бидејќи веќе имаше седум деца - изјави Цеца.

По раѓањето на Вељко во 1995 година, фолк ѕвездата повторно забремени, со помош на ин витро и по втор пат стана мајка на 25.05.1998 година, кога ја роди ќерката, Анастасија.

Цеца ѝ пружи кров над глава кога ѝ беше најтешко, денеска таа е пејачка која жари и пали на естрадата