„Цеца и јас сме сестри“: Јелена Карлеуша шокира со изјавата и откри дека поради ОВА тие две вечно се поврзани!

Добивај вести на Viber

Пејачката проговори за врската со Цеца Ражнатовиќ!

„Јас и Цеца испадна дека сме сестри...“

Јелена Карлеуша одржа спектакуларен концерт во Ниш, а по настапот проговори за насобраните медиуми.

Меѓу другото, таа зборуваше и за разводот и за Душко, кој, како што рече, изминатите денови ја повикал на отворање на ресторан, и ѝ предложил да се разведат, па повторно да се венчаат.

Сепак, најголемо внимание привлече нејзината изјава за колешката Светлана Цеца Ражнатовиќ со која со години е во медиумски конфликт. Имено, Карлеуша ја коментираше објавата на Цеца за годишнината од смртта на познатата хитмејкерка Марина Туцаковиќ, во која ја нарече „втора мајка“. Јелена изјавила дека Марина за многумина, вклучувајќи ја и неа, била „музичка мајка“ и дека таа и Ражнатовиќ на некој начин со тоа се сестри.


- Марина за многумина беше мајка, мајка музичка. Во таа смисла, јас и Цеца испаѓаме некакви сестри. Марина е и моја мајка - рекла Карлеуша, пренесува Курир.

Цеца на годишнината од смртта на Марина Туцаковиќ објави објава во која ја нарече „втора мајка“.


Фото и Видео: Youtube