Цел свет навива за аферата: Актерот ја изневерува 23-години постарата сопруга со 10 години помлада колешка?

Добивај вести на Viber

Арон Тејлор Џонсон (32) е во брак со 23-години постарата Сем Тејлор Џонсон од 2012 година, а нивната врска моментално е топ тема на социјалните мрежи, бидејќи актерот наводно ја изневерува сопругата со помлада колешка. Она што е интересно е што овој пат нивните фанови и корисници на социјалните мрежи навиваат за аферата.

Актерот наводно ја изневерува сопругата со девет години помладата колешка Џои Кинг, но освен гласини, нема докази дека тие двајца се всушност во врска или во емотивно-сексуална врска.

Арон и Џои го промовираа својот нов филм „Bullet Train“ заедно со остатокот од актерската екипа, вклучувајќи го и Бред Пит, во последните неколку недели. Неколку пати позираа гушкајќи се за фотографи, но гласините тврдат дека искрите отсекогаш ги имало, а парот наводно се собрал за време на престојот во Париз, цитира „Story.hr“.


На TikTok и Twitter кружат видеа на кои парот всушност се забавува, а малку е бизарно што обожавателите навиваат за оваа афера. Причината за тоа е тврдењето дека Сем Тејлор Џонсон наводно го регрутирала Арон Тејлор уште додека бил тинејџер, дека  таа го вовлекла во брак. Како доказ за своето тврдење го наведуваат фактот дека парот многу брзо добил дете.


Актерот тогаш имал 18 години, а таа 41. Сем беше во брак со трговецот со уметнички дела Џеј Џоплинг (59), со кого се омажи во 1997 година, а заедно ги добија ќерките Анџелика (25) и Џеси Феникс (17). Филмската режисерка се разведе истата година кога го запозна Арон.

Инаку, Џои Кинг, која е поврзана со Арон, се вери со режисерот Стивен Пит (31), а се запознаа во 2019 година на снимањето на серијата „The Act“. Некои од обожавателите кои навиваат за измамата на актерот потсетуваат на принцезата Дијана и кралот Чарлс.


Фото и Видео: Youtube /Твитер