Цел свет синоќа плачеше со него: Ќерката на Оскаровецот починала додека се работело на снимањето на наградениот филм
Данскиот режисер Томас Винтерберг доби Оскар во категоријата најдобар странски филм, насловен „Друга рунда“.
Кога Винтерберг го одржа својот говор на благодарност, ја откри трагичната приказна која го остави цел свет во солзи, пред малите екрани.
Неговата 19-годишна ќерка Ида го загубила животот во трагична несреќа додека се работело на снимањето на овој награден филм. Ида требало да има улога во тој филм затоа што била воодушевена од сценариото.
„Ако некој се осмели да поверува дека е, некако, овде со нас вечерва, требаше да ја видите како аплаудира и навива. На крајот, го довршивме овој филм за неа, како спомен на неа. Ида, ова е чудо кое едноставно се случи, и ти си дел од тоа чудо. Можеби дури и од таму некаде ги влечеш конците. Ова е за тебе", рече нејзиниот татко со солзи во очите откако ја прими наградата.
извор:GLOSSY