Цела Италија на нозе поради постапката на пратеничката: Многумина го осудуваат ова, но таа ѝ пркоси на контроверзноста и направи историски чин - важен за сите жени

Италијанската пратеничка на популистичкото движење Movimento 5 Stelle (M5S) Џилда Спортиело создаде своевидна револуција во Европа. Ова можеби е мала победа за човештвото, но е многу важна за сите мајки во светот. Имено, таа во средата на 7 јуни стана првата жена која го доела своето новороденче во Долниот дом.

Гилда дефинитивно влезе во историјата! Доењето во јавност е контроверзна тема која постојано предизвикува полемики и поделени ставови, па многу мајки не се осмелуваат да го направат овој чин, иако тоа е сосема природно и неопходно. 

Оваа политичарка придонесе за популаризација на доењето во јавноста, покажувајќи дека тоа не е и не треба да биде табу.

Гилда седна со синот Федерик во горните редови, учествувајќи во гласањето за јавната администрација. Таа во еден момент почнала да го дои двомесечното момче, што ги заработило аплаузите на сите присутни во Собранието. 

Малиот беше многу мирен за време на хранењето, а Спортиело нежно го погали потоа.

Потпретседателот на Собранието Џорџо Муле и честиташе на Гилда за раѓањето на детето, посакувајќи му добредојде во салата и „долг, слободен и мирен живот“. 

Инаку, во Италија, првиот чекор кон овој потег беше направен во 2021 година кога беше отворена посебна просторија за доење во парламентарните згради во Рим. Исто така, во ноември минатата година, во парламентот беше усвоен закон со кој им се дозволува на жените да ги дојат своите бебиња.


Фото и Видео: Youtube - screenshoot