Цела планета зборува за нејзиниот потег на Супер Бол: Не доби свршенички прстен, но доби страстен бакнеж од момчето (Видео)
Тимот на Канзас Сити Чифс ја одбрани титулата во НФЛ, откако во финалето на 58. Супер Бол во Лас Вегас ги совлада Сан Франциско, по продолжение.
„Супербоул“ според достапните податоци е најгледаната спортска игра во светот, која има директен пренос во околу 190 земји, на повеќе од 25 јазици.
Поради ова, најголемите светски ѕвезди секогаш се трудат да се сретнат на натпреварот и да направат нешто за да го привлечат вниманието кон себе, а овој пат шоуто го украде Тејлор Свифт, една од најпопуларните пејачки на денешницата.
Имено, Тејлор по мечот била во делириум, бидејќи за ново-старите шампиони настапува нејзиното момче Тревис Келси.
Откако ја прослави победата во својата ложа, Тејлор се симна на теренот за да му честита на Тревис, а кога стигна до него страсно се бакнуваа.
Инаку прашање беше длаи пејачката ќе биде присутна на трибинте с оглед на тоа дека имаше концерт во Јапонија. Но кога љубовта е во прашање, граници не постојат.
Страсниот бакнеж на трибините по победата на Шефовите ги воодушеви навивачите.
Да потсетиме, пејачката Тејлор Свифт дојде на Супер Боул да му даде поддршка на играчот на Чифс, Тревис Келче, со кој е во врска веќе извесно време.
Таа не навиваше само за своето момче. Ја имаше поддршката од познатите пријатели, Блејк Лајвли, Лејн дел Реј, Ајс Спајс...
Неодамна, врската помеѓу Свифт и Келче исто така стана ставка во обложувалниците. Еден од посмелите облози беше понудена од FanDuel Canada, кој им нуди на луѓето да се обложуваат дали бекот на Chiefs, Тревис Келче ќе ѝ предложи на поп-ѕвездата Тејлор Свифт на Супер Бол во недела.
Фото: ИнстаграмИзвор: 24sata.hr