Целиот свет зборува за средбата на поранешните љубовници: Се сретнаа по 20 години, а таа го одби како никогаш досега

Добивај вести на Viber

Ќе ги протриете очите кога ќе сфатите за што се работи

Рејчел Грин и Рос Гелер или Џенифер Анистон и Дејвид Швимер се ѕвездите на новите реклами за претстојниот „Super Bowl LVIII“.

„Дали се познаваме?“, го прашува Џенифер Анистон, Швимер кој се обидува да ја прегрне откако ја видел на холивудски сет. Збунетиот актер ја потсетил дека заедно соработувале 10 години.

„Сè уште не се сеќаваш?“ ѝ вели тој. Таа „не се сеќава“, но затоа си оди од него и си вели: „Го мразам овој град. Како да можам да заборавам 10 години од мојот живот“.


Публиката секако не го заборави ситкомот на CBS кој беше премиерно прикажан од 1994 до 2004 година и доживеа бројни репризи.

„Super Bowl LVIII“ го најавуваат и хедлајнерот Ашер, музичарот Џели Рол како и Викторија и Дејвид Бекам. Финалето на националното првенство во американски фудбал ќе биде на 11-ти февруари во Невада.

Се очекува сплет на спортски и музички спектакл, како и изминатите години. Ашер настапува по минатогодишното шоу на Ријана во Аризона, кога пејачката објави дека е бремена по втор пат.

Извор: espreso.co.rs