Цело време погрешно сме ги ставале светилките на елката: Еве како правилно се поставуваат за пораскошен изглед (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Новата година се ближи, а тоа значи дека е време за украсување на елката. Ако не можете да ја замислите елката без светилки, еве трик како да ги поставите правилно.

Без разлика дали планирате да имате вистинска или вештачка елка, покрај украсите, незаменлив елемент се и украсните светилки што ја прават секоја елка уште помагична.

Но дали знаете како најлесно да ги ставите на елката? Ако мислите дека се поставуваат кружно, се лажете!

Треба да ги поставите вертикално, бидејќи така ќе заштедите простор, полесно ќе ги поставите, а елката ќе изгледа поспектакуларно.

Видеото од овој трик на Тик ток има речиси 2 милиони лајкови, а многумина и се заблагодарија на оваа девојка за корисниот совет.

@lizlovery Wow what a difference this made! Thank you @mrsclarehoops !  #HolidayVibes #christmas #holidaydecor #homedecor #decortips #IntroVideo #hometips O, Christmas Tree - Christmas

Сепак, еден корисник напишал дека вакво нешто прави 20 години и тоа го припишува на својата мрзеливост, додека девојката која го објавила видеото одговорила дека тоа не значи дека е мрзлив, туку дека го сфатил вистинскиот начин за поставување на светилките.

Фото: www.freepik.com
Извор: najzena.alo.rs