Целосна доминација на Андријана Петрушовска: Силна емоција и сите пофалби за „Зајди зајди“

Добивај вести на Viber

Директно во следниот круг на „Ѕвездите на Гранд“ освојувајќи ги сите шест гласови влезе Андријана Петрушовска со последниот настап кој го имаше викендов.

Македонското девојче настапи со „Зајди, зајди“ и „Робиња сам твоја“ и целосно издоминира на сцената собирајќи ги сите пофалби од стручното жири кое не е лесно да се фасцинира.

Андријана имаше и одлична модна комбинација, а овој нејзин настап ќе се памети и раскажува уште долго.

Браво Андријана.