Целосно гола: Поради овие фотографии од минатото, Меланија го крена гласот (ФОТО)

Добивај вести на Viber


Меланија Трамп (54), поранешната прва дама на Америка, се наврати на разголените фотографии направени за време на нејзината манекенска кариера. Убавата Словенка го искажа своето мислење за контроверзните фотки во објавата на социјалните мрежи, поврзани со нејзините претстојни мемоари „Меланија“.

Меланија Трамп во средата се наврати на својата поранешна манекенска кариера на Инстаграм, спомнувајќи фотографии на кои позира гола, што своевремено наиде на жестоки критики од американската јавност.


- Зошто гордо стојам зад мојата гола манекенска работа? – напиша Меланија.

- Уште поважно прашање е зошто медиумите решија да истражат зошто го покжувам голото тело на фотосесија? Дали веќе не можеме да ја цениме убавината на човечкото тело? – додаде таа.

Зборовите на Меланија беа придружени со слики од познати уметнички дела со голи фигури, вклучувајќи ги Давид на Микеланџело, Батер на Пол Сезан и Лејди Годива од Џон Колиер.

- Низ историјата врвните уметници ја почитувале човечката форма, предизвикувајќи длабоки емоции и восхит. Треба да ги почитуваме нашите тела и да ја прифатиме безвременската традиција на користење на уметноста како моќно средство за самоизразување“, напиша г-ѓа Трамп на Инстаграм.


Да потсетиме, Меланија Трамп позираше гола за француски магазин за возрасни во 1995 година, а потоа повторно во приватниот авион на Доналд Трамп за британскиот „GQ“ во 2000 година.

За време на снимањето на GQ, таа се забавуваше со Доналд Трамп околу две години. Тие се венчаа во 2005 година.

Фотографиите, од кои ниту една не покажуваше фронтална голотија, повторно се појавија и станаа топ тема пред претседателските избори во 2016 година.

Фотографот Антоан Верглас тогаш за „ABC News“ изјави дека Меланија инсистирала да не се гледа целосно гола за време на оваа провокативна фотосесија.

Меланија беше многу воздржана личност. „Неа дефинитивно не би ја виделе во ноќните клубови“, рече тој.


Да потсетиме, Меланија Трамп неодамна ги објави своите мемоари со драматично црно-бело видео на мрежите, велејќи дека е време да ја каже својата перспектива, односно „вистината“.


Фото:Инстаграм