ЦЕНОВНИК ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА: Еве што можете да очекувате ова лето

Нема сомнеж дека и оваа година мнозинството Македонци и Срби ќе заминуваат на одмор во Грција. Иако многумина од нив однапред го планираат одморот и веројатно веќе го одбрале аранжманот кој им одговара (најчесто со плаќање на рати), сепак има и неколку кои сметаат дека ќе имаат доволно време до летото. Затоа ги разгледавме цените за сместување кои се во понуда. Секако, треба да се има предвид дека цените значително варираат од туристичката дестинација и особено од месецот во кој е планирано патувањето до море.

За разлика од цените во продавниците во Грција, кои поради инфлацијата се малку повисоки од ланските, цената на сместувањето во Грција се уште е во нормални граници, односно иста како лани. Цените на апартманите на Халкидики се движат од 30 до 50 евра, во сместување без поглед на море, додека оние со поглед на море ќе чинат од 20 до 30 евра повеќе. Ова се однесува на претсезоната, ако и за туристите кои сакаат помалку гужви во пост-сезоната, во септември. На истото место во екот на сезоната (јули-август), според старото непишано правило, потребно е да се издвојат значително повеќе, во просек околу 120 евра. Повеќе на Фактор.мк


Фото: фреепик