ЦЕНЗУРА: Држава забрани љубовни и песни во кои се споменува алкохол

Добивај вести на Viber

Турскиот национален сервис ТРТ забрани повеќе од 200 песни. Музиката наводно „охрабрува алкохолизам“.  Музичарите ги отфрлаат обвинувањата како неосновани.

ТРТ веќе објави список на 208 забранети песни- 66 на курдски, останатите на турски- уште во 2016 година. 

Во 2010 година, курдската пејачка Ројда беше осудена на една година и осум месеци затвор: нејзините песни беа прогласени за „терористичка пропаганда“ откако таа учествуваше на културен фестивал во градот Дијарбакир. Осум години подоцна, на крајот на февруари 2018, пејачката дозна дека три нејзини песни се повторно забранети затоа што наводно содржат терористичка пропаганда.

Дури и пред доаѓањето на власт на АКП на Реџеп Таип Ердоган, песните беа редовно цензурирани. Некои беа прогласувани за порнографски, други дека охрабруваат користење алкохол, идеализираат самоубиства или шират политичка пропаганда. Овој тренд започна уште со пучот во 1980 година.