Чанта од 2.600 евра, нараквица со дијаманти од 5.000 евра,малку Малдиви, малку Монако: Харис и Мелина се разведуваат, а нивната ќерка ужива во луксуз
Ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ, Џина Џиновиќ привлекува
големо внимание во јавноста. Џина е
активна на социјалните мрежи, а само на Инстаграм има над 130 илјади
следбеници.
Младата ѕвезда на социјалните мрежи редовно споделува детали од својот луксузен живот со своите следбеници, а често објавува фотографии од Малдиви, а беше и во Монако.
Исто така, не и се непознати скапите модни парчиња, а пред нешто повеќе од две години Џина објави слика и од нејзината чанта „Прада“ која чини 2.600 евра.
Нејзиниот буџет е дефинитивно голем за накит и аксесорис, па на нејзиниот профил има слики на кои позира со нараквици од брендовите „Cartija“, „Tiffany“, кои имаат и дијаманти, а само една од нејзините нараквици чини над 5.000 евра.
Инаку, наследничката на Харис Џиновиќ за еден роденден доби скапи обетки од Van Cleef & Arpels, модел од линијата Magic Alhambra. Цената на овој вид накит зависи од големината, обликот и видот на каменот и може да достигне 11.000 евра.
Да потсетиме, родителите на Џина, Харис и Мелина Џиновиќ се разведуваат по 22 години брак.
Харис и Мелина Џиновиќ ја започнаа својата емотивна врска во 2002 година и имаа две деца, синот Кан и ќерката Џина. Тие се венчаа 12 години подоцна. Малкумина знаат дека свадбените кумови на Мелин и Харис се многу богати луѓе.
- Мелина и Харис Џиновиќ одлучија да се разведат со заедничка согласност, бидејќи нивната врска веќе некое време не оди најдобро. Тие ја донесоа најдобрата можна одлука за нив и нивните деца во моментот. Харис веќе се иселил од нивната вила во Сењак, а Мелина останала таму со децата. Процесот на развод е во тек, а подоцна ќе се утврди како ќе се распредели имотот меѓу нив – открил за Пинк.рс добро упатен извор близок до семејството Џиновиќ.
Љубовта меѓу Харис и Мелина, познат моден дизајнер, започна во 2002 година, кога Мелина беше трета година на студии. Емоциите веднаш се разгореа, а иако не сакаат да зборуваат за приватниот живот, Харис Џиновиќ во едно од ретките интервјуа призна дека „едноставно се нашле“.
Фото:youtube