(ФОТО) Чантата која ја носи Меган Маркл е поволна, а крие инспиративна приказна
Секој чекор на Меган Маркл будно се следи, баш како што секој нејзин стајлинг се оценува од модните критичари.
Ниту неодамнешната посета на Северна Ирска не помина без тоа.
Идната војвотка за таа прилика се одлучила за неочекуван стајлинг. Наместо омилените панталони, таа се одлучила за сукња под колената која полека се шири кон дното, а почит на Ирска и оддала со изборот на зелена боја и тоа во темна нијанса, одлучувајќи се за модел на канадскиот бренд Greta Constantine.
Елегантниот стајлинг убавата Американка го дополнила со стилето чевли во загасито портокалова нијанса кои ги потпишува италијанската модна куќа Прада и лесен капут во крем боја од омилениот бренд Mackage. Но вистинско изненадување била чантата во боја на коњак која ја потпишува релативно непознат англиски бренд Charlotte Elizabeth.
Маркл за посетата на Белфаст се одлучила за моделот New Edition Bloomsbury, што е нова верзија на најпознатиот модел на тој бренд и верувале или не тоа е најевтината чанта која ја носи Меган досега. Но зад себе крие и интересна приказна која има врска со нејзината идна фамилија.
Charlotte Jones е млада, 23 годишна британска дизајнерка која стои зад брендот Charlotte Elizabeth, a која е корисник на организацијата која во 1976 година ја основал принцот Чарлс како би и помогнал на сиромашната млада популација во Обединетото кралство, посебно на оние кои во возраст од 11 до 30 години имаат проблеми со здравјето или немаат дом.
Jones на 16 години била приморана да го напушти школувањето поради големите здравствени потешкотии. Проблемите со срцето и операција кои следеле ја врзале младата Британка за кревет, а тогаш се родила идејата да почне со изработка на кожни чанти.
Целта и била, вели да создаде производ кој е едноставен, класичен а повторно модерен, каков би можеле да носат нејзината мајка и баба, нешто што е прифатливо за сите генерации.
Jones вели дека е прекрасно да се види како госпоѓицата Меган Маркл ја носи чантата Charlotte Elizabeth The Chestnut Bloomsbury која после оваа реклама сигурно ќе биде потрупана од нарачки имајќи предвид дека се што носи Меган се продава во рекорден рок.