Час на отворено во српско средно училиште: Како се одвиваше

Добивај вести на Viber

Исклучетелен е податокот дека во соседна Србија, каде епидемиолошката состојба и не е во најдобро светло, родителите дури во 97 отсто одлучиле нивните деца да одат во училиште, односно наставата да ја следат со физичко присуство. Инаку и таму, во сите училишта, наставата е организирана под посебни услови и протоколи.

Вчера 1.900 ученици отидоа во средно училиште на територијата на областа Моравица, додека 1.600 првачиња отидоа во основните училишта во урбаните и руралните области. 

Почетокот на новата учебна година не може да се спореди со ниту една досега, поради пандемијата на коронавирус и специфичните околности во кои се најдовме, оваа година секое училиште има свој начин на работа.

За учениците, најдобриот и најпродуктивниот метод е директна работа во училиште, вели раководителот на Училишната администрација за областа Моравица, Слаѓана Парезановиќ.

Slađana Parezanović, фото: Rina.rs

- Директорите на основни училишта во кои има паралелки до 15 ученици, најдобро се снајдоа, така што ваквите училишта, кои претежно се наоѓаат во руралната област, имаат редовна настава како и досега. Поголемиот проблем е во основните училишта кои имаат повеќе од 15 ученици во паралека, па затоа се поделени во две групи. Едната група доаѓа на училиште, а другата спроведува учење на далечина и се менуваат циклично - вели Парезановиќ.

Што се однесува до 12-те средни училишта во областа Моравица, наставата е организирана така што учениците доаѓаат на училиште пет дена, а учењето на далечина се спроведува пет дена.

Како што може да се види на фотографијата, во средното училиште „Чачак“ учениците имаа часови на отворено, а клупите беа распоредени на далечина.

извор:telegraf.rs