Светата темпирана бомба: Се обидуваат во име на Бог, а секому пиштолот му е репетриран во секој момент

Добивај вести на Viber

Бев во Израел. Во еден од „меѓу-вагоните“ од последниот воз. Секој воз за Израел може да биде последен воз. И секој и секогаш. Откако постои векот се чини, па сѐ додека ќе постои векот, исто така се чини ова ќе биде вака.

Всушност таму кога одиш, во Израел ти не знаеш дали си во последниот воз, дали си во меѓу-вагон, во последниот вагон и не знаеш дали картата ти важи за назад. Не знаеш ни дали си на небо, или си на земја. Дали си во Светата земја, во Ветената земја, или во логор. Или во темпирана бомба. Ништо не знаеш кога одиш во Израел.

Не знаеш ни дали сакаш да одиш ни дали не сакаш да одиш. Ако не сакаш, не знаеш зошто не сакаш. Ако сакаш не знаеш зошто сакаш.

Чудно е ова чувство.

Но токму такво чувство го имав, кога пред три години се спремав да правам репортажа за Израел.

Израел не е ниту една друга дестинација во светот. Во Израел, не можеш да се правиш на „три и пол“ и да правиш забавна и комерцијална репортажа, каква што можеш да направиш од кое било друго место на планетата.

Таму имаш три религии кои се обидуваат во име на „Бога“ да опстанат заедно, а истовремено секому пиштолот му е репетриран во секој момент, со прстот на чкрапалото.

Таму муслиманите го чуваат клучот од Базиликата на Исус, бидејќи христијаните не можат да се договорат меѓу себе чиј да биде.

Таму Евреите ги држат својте порти отворени, бидејќи чекаат Месијата да се појави во секој момент и конечно да ги прогласи за „одбран“ народ.

Од една страна се една од најуспешните нации на светот, речиси сите изуми се излезени од нивниот ум, „пола“ Нобелови награди се нивни, а од друга страна подготвени си се со часови да ја „чукаат главата“ во ѕидот на плачот, чекајќи го денот кога тие ќе завладеат со светот.

Конечно, сите велат дека токму тие и владеат со светот. Ја не знам дали е ова вака, или не е. Појма немам.

Знам само дека таму ги запозав и едните и другите. И Палестинците и Израелците.

И можам да говорам за моето лично чувство од овие средба со нив.

Беа тоа средби по случаен избор. Ниту договорени, ниту наместени. Апансас средби. На улица, во ресторан, на клупа…

Обични луѓе, обични средби и сосем обичен муабет. Живот, деца, радост, тага, работа, куќа, маж, жена….

Втора шанса за прв впечаток нема, а првиот впечаток ретко кога лаже…

Не ти треба повеќе од неколку минути, за да видиш со кого си имаш работа.

Предрасудите и за едните и за другите, престануваат да ти важат, откако ќе ги погледнеш во очи и откако ти ќе си кажеш нешто за себе, а и тие нешто за себе.

Ги ставаме сите муслимани во еден исти кош. И тоа го правиме, откако знаеме за себе. Барем јас.

Затоа што така ни се сервира. Затоа што ги идентификуваме со терористичките организации. Затоа што сме до грло полни со предрасуди. Затоа што некој, не знам кој ни вели дека е тоа така.

Не! Не е така! Палестинците се многу питом и срдечен народ. Ги запознав одблизу. Скромни, пријатни, топли… Добри луѓе…

Израелците, или да речам Евреите… Во нивните очи видов фанатизам. 

Секоја една нивна реченица е вечна жртва и вечна потреба сиот свет да им врати за нивното страдање. Или пак тие да му вратат на светот. Да се осветат. Чудно двојно значење има овој збор.

Ја не осудувам. Не! Јас само зборувам што видов и што почувствував кога бев таму.

Јас знам дека народ кој претрпел такви страдања, какви што претрпеле тие за време и по Втората Сетска војна, нема никогаш да може да се ослободи од тоа чувство. Грозно е тоа чувство. Грозно!

Исто така знам дека тие претрпени страдања и стравови го создаваат фанатизмот и агресијата.

Она што сега го гледам во очите на Нетањаху и на неговите генерали е истото.

Фанатизам и желба за освета. Кому!?

На оние чија земја тие ја земаа.

Не! Нема да зборувам овде за американскиот курвински двоен аршин. Оти е тоа веќе шпанска серија од најнизок ранг.

Овде зборувам за ултра-психолошкиот еврејски феномен.

Ако го направат тоа по што тргнале, сета своја земја ќе ја претворат во концентрационен логор, каков што ни Хитлер не можел да им направи.

Од сега па за навек, ниту еден Евреин, нема да биде безбеден на ниту едно друго место на светот, освен во своето „свето гето“. Во својата Света темпирана бомба.

Еднаш жртва, засекогаш жртва. Со сѐ е така. 

За Женски Магазин, Тања Трајковска

*Ставовите изразени во колумната се лични ставови на авторот и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Женски магазин

Колумната можете да ја слушнете во аудио верзијата подолу: