Честер е роден со 500 грама и се бори за живот, а вака му помага „постариот“ брат: Ништо поубаво нема да видите денес

Прерано родено момче од самото раѓање се бори за живот, но неговиот брат близнак прави нешто чудесно за него, поради што се опоравува.

Честер Грејвс и неговиот брат Отис се родени во 28-та недела од бременоста, на 15 јули годинава. Честер тежел неполни половина килограм, додека Отис бил три пати поголем и тежел 1559 грама.

По шест недели Отис бил отпуштен на домашна нега, но малиот Честер од самото раѓање се бори за живот но сега достигнал 1580 грама. Родителите, Кели Грејвс (32) и Вурф Вили (35) од Венфлит, велат дека не се сомневаат дека чудесната борба на Честер е улогата на врската што ја дели со неговиот идентичен близнак Отис, пренесува Мирор.

Нивната прва средба се случила на 22 септември. Отис спиел, а Честер не можел да го тргне погледот од братот кој го ставиле да лежи покрај него. Емотивната глетка е забележана со камера, а се одвива во неонаталната единица во болницата Саутенд, каде Честер веројатно ќе помине уште два месеци, пишува Мисмама.



Момчето сѐ уште е во инкубаторот за кислород

Момчето сѐ уште е во инкубатор и сѐ уште е под кислород, а неговите родители се надеваат дека конечно ќе си оди дома во декември.

Мајката кажа што точно се случило. Компликациите почнале во 16-тата недела од бременоста, кога Кели дознала дека Честер е помал од нејзиниот брат. Разликата во големината на близнакот било последица на состојба, наречена селективно интраутерилно ограничување на растот, поради што Честер не ги добивал потребните хранливи материи од постелката, со што се запрел неговиот раст. Затоа во 19 недела од бременоста мајката е примена во болницата Кингс Колеџ во Лондон.

„Бев подложена на ендоскопска ласерска операција, која беше направена за да се одвојат бебињата во утробата. Ова беше направено така што, во случај Чсетер да не преживее, Отис да биде заштитен од смрт или трајно оштетување на мозокот “, рече таа. По операцијата, Честер добивал во просек 25 грама неделно, а Отис 100. Кели во 28-та недела од бременоста се соочила со пукање на водењакот и морала да помине низ царски рез. -Отис прв е роден и ставен во инкубатор. Потоа стигна и Честер. Имаше воспаление на ткивото во цревата и дупка во срцето, која за среќа се затвори. Мораше и на операција на окото-раскажала мајката.

Трите постари деца уште не го запознале

Родителите имаат и три постари деца кои уште не успеале да го запознаат Честер поради ограничувањата од ковид, но едвај чекаат да си дојде дома.



-Отис е со нас, но чувството е горко-слатко бидејќи не можеме да уживаме додека двете бебиња не бидат со нас-, заклучува мајката. Се надеваме дека Честер што поскоро ќе му се придружи на семејството, чија приказна уште еднаш покража дека чуда се можни и дека љубовта победува сѐ.


Foto: Printscreen/Instagram/Keli Grejvs