Животна училница // Приказни
ЧЕТИРИ БЕБИЊА ВО БЕЛГРАД ПОЧИНАА ОД ГОЛЕМА КАШЛИЦА: Д-р Вукомановиќ „Се зголемува бројот на деца со тешка клиничка слика“
- 31 Јануари, 2024
Четири бебиња починаа од голема кашлица на Институтот за мајки и деца во Белград, едното дете е на вентилатор, што значи дека е многу ранливо, а половина од децата кои боледуваат од оваа болест се хоспитализирани. Вакцината е единствениот начин да се спречи болеста.
- За жал, малите деца, доенчињата до 4 месеци може да развијат многу тешка клиничка слика, која кај нас заврши со смрт на четири деца - кажа проф. д-р Владислав Вукомановиќ, кардиолог и управител на клиниката за детски болести при Институтот за здравствена заштита на мајки и деца на Србија „Д-р Вукан Чупиќ“.
Повеќе за информацијата прочитајте на Фактор.