Четири грешки во кои треба на детето да му дозволите да згреши

Повеќето од нас треперат од неуспехот без разлика што тој на крај може да ни донесе доста добро. Еве што би можеле родителите да им дозволат на своите мали како подоцна би им  олесниле многу ситуации.

1. Погрешни пријатели

Речиси секое дете има пријатели за кои неговите родители знаат дека не влијаат добро на него, но сепак не би требале премногу да се мешате во изборот на детето. Децата, посебно во средно школо, „ги испробуваат“ пријателите баш како што пробуваат разни способности во потрага за сопствен идентитет. На тој начин учат не само за пријателството туку и за различни карактеристики и профили на луѓе.

2. Спортски и други натпревари

Натпреварувачките настани во кои учествуваат нивните деца мама и тато би требало да ги доживуваат како на децата да им се баба и дедо, а не родители советуваат експерти. Што значи тоа?

Бабата и дедото обично само сакаат да го видат внукот како настапува и учествува во натпревар, додека родителите се вклучени во во успехот на детето на натпреварот. Ако се очекуваат од детето секогаш одлични резултати тоа ќе биде преголем притисок на него и ќе го оперетува , па ќе изостане забавата и искуството на учењето.

3. Домашни работи

Детето некогаш мора да учи од сопствено искуство и сопствени грешки. На пример, ако неправилно ја наполнило машината за садови, тие садови кои не се добро измиени, ќе ги измие на рака. Ако не ги собрало валканите алишта и не ги наместило каде што треба, и отишло во школо со валкана блуза, мнгоу веројатно друг пат ќе постапи правилно.

4. Домашна задача

Оценките и учењето се важни и родителите мора на детето јасно да му објаснат што се очекува од  него, како и да го поттикнуваат на правовремено пишување домашни задачи, без разлика дали мора да ја напише пред вечерата, во петок вечер, пред старт на викенд или како и да се договориле детето и родителите.

Сепак, на детето треба да му дозволи да има делумна контрола над своите школски обврски без тоа дали родителите често го „гњават“ со своие очекувања. Ако не ја напише задачата или не научи нешто ќе мора само да ги сноси последиците во школо.