ЧИПС СО ВКУС НА ПИПЕРКА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПРОДАЖБА ВО ХРВАТСКА, има зголемено присуство на канцерогена состојка

Добивај вести на Viber

Поради зголеменото количество на акриламид  од полиците во Хрватска се повлекува производот Аро чипс од 300 грама со вкус на пиперка.

Станува збор за производ кој има рок за конзумирање до 30 април 2023 година, се повлекува поради зголемено количество акриламид, извести во вторник Државниот инспекторат на Република Хрватска, пренесува „Б92“.

- Производител на чипови е Kanaan d.o.o. од Доњи Михољец, а во промет го пушта METTRO CASH & CARRY d.o.o. од Загреб. Чиповите се LOT број 5745 и EAN код: 3856024703703 - се наведува во соопштението од хравтскиот инспекторат.


Деталите читајте ги на Фактор тука.