Човекот што го пропуштивте додека го баравте совршениот сопруг
Има ли маж во вашиот живот кој ви недостига или го мислите додека чекате да го најдете совршениот сопруг каков што сте го замислиле?
За пет години нема да биде важно дали бил сладок. Нема да биде важно дали се облекуваше убаво, ги кажувал сите вистински зборови, бил смешен, следел трендови или бил кул.
Сликите нема да бидат важни. „Лајкови“, статуси … - ќе бидат само бранови на површината на новооткриената длабочина.
Има толку многу совети која врска е онаа вистинската, но ако би морал да се одвои само еден, тоа би бил овој:
ОМАЖИ СЕ ЗА ЧОВЕК КОЈ ОСТАНУВА
Секој може да ви каже дека сте убави во хулахопки и со неуредна коса. Но вас ви треба оној кој ќе остане со вас додека така изгледа вашата душа.
Таквиот човек често се занемарува. Тој не е гласен ниту наметлив. Можеби нема со вас да води длабоки разговор, наместо тоа неговите раце ќе ве држат незабележливо, а тој ќе стои зад вас во тешките мигови.
Ако се движите премногу брзо, може да го пропуштите. Ако ве пленат рефлекторите, нема да го видите во сенка. Ако барате специфичен „тип“, можеби никогаш нема да забележите дека вистинскиот е таму.
„Обучени' сме да бараме двигатели, водачи и гласноговорници. Човекот кој живее по принципи и ги негува вистинските вредности, не му треба аплауз.
Сметаме дека верноста е нешто што го практикуваме откако ќе се венчаме, но тоа не се случува само затоа што ставаме прстени на рацете. Тоа е дисциплина во срцето која започнува многу порано. Избор да се држите заедно кога работите стануваат тешки, кога сте запоставени, кога вашите напори се игнорираат и сте оставени сами. Тоа е избор да останете и кога имате причина да си заминете.
Човек кој останува верен и кога никој не го гледа
Човекот кој останува верен кога никој не гледа – во неговата работа, неговата служба, неговиот живот – е човекот кој останува со вас кога бракот станува тежок. Овој човек не бега од кавга, се сака да победи – тој сака да ја освои вашата доверба. Останува до крај затоа што сака среќен крај. Неговата слава не е во аплаузот и популарноста, туку во мирното уверување на неговата верност.
Тој е човек кој избира љубов, кога љубовта значи да се биде трпелив и љубезен, дури и кога не заслужувате ниту трпение, ниту добрина.
Многумина можат да ве освојат и да ве воодушеват со зборови. Но кога сето тоа е исполнето со љубов, е тоа е бесценето.
Љубовта и вербата се едно исто. Тие не можат да постојат одделно.
Трајната љубов е изградена врз темелите на верноста
Љубовта која трае не се гради на емоции. Понекогаш едноставно постои. Меѓутоа, длабоко под нејзиното мирно постоење гори неуништлив оган запален од лојалноста. Кога избираме љубов во тешки времиња, огнот гори сè посветло и посветло. Топлината го загрева срцето, кое инаку може да стане ладно. Трајната љубов е изградена врз темелите верноста.
Не барајте маж кој „духовно ќе ве води“; ви треба човек духовно воден од Бога, чија основа на сè што прави е вистинска и искрена љубов. Човекот предводен од Бога е воден од Божјата љубов. Божјата љубов не разочарува. Божјата љубов е постојана. Божјата љубов останува.
Затоа, омажи се за човек чија љубов е како Божјата: верна, вечна и непоколеблива. Овој вид на љубов останува во најтешките времиња и ве воздигнува низ секоја бура. Тоа е бавна, секојдневна љубов. Но, тоа е вид на љубов со која среќни ќе се будите секое утро, затоа што можете да верувате дека сè уште ќе постои.
Фото:freepik