Чудотворната моќ на црква во Македонија, таму доаѓаат од секаде: Се верува дека оваа црква помага на брачни парови кои немаат деца
На само два километри од селото Маловиште, во срцето на Националниот парк Пелистер на надморска височина од 1400 метри, се наоѓа манастирот посветен на мајката на Пресвета Богородица, Света Ана.
Црквата која денес гордo го чува ова село, изградена е во 1936 година, додека конаците, биле градени во дваесеттиот век.
На 7 –ми август е Успение на Света Ана, кога е празник на црквата и ова место е исполнето со многу верници од цела Македонија, но поголем број од соседните градови Битола, Ресен.
Во манастирскиот комплекс доаѓаат сите добронамерници кои сакаат да и се помолат на Св. Ана, да и оддадат почит, но и да се освежат и уживаат во единствената природна убавина која ја нуди ова место.
Постои верување за оваа црква дека помага на брачни парови кои немаат деца. Се вели дека манастирот има чудотворна моќ да дава пород. Брачните парови на 6–ти наспроти 7–ми август треба да преспијат во просториите на црквата Света Ана. А таа ќе ги слушне и исполни нивните молитви и ќе ги успокои и израдува нивните души. Мештаните раскажуваат за многу брачни парови кои немале деца, но по посетата на манастирот добиле пород и благодарни, секогаш доаѓале на славата на манастирот. Во близина на манастирот има и лековита вода што извира од коренот на една бука и тука е одамнина.