Creative Hub победи на Global Fundraising Stage Miami 2021

Добивај вести на Viber

Македонскиот стартап кој во 2019та година се најде на листата на најупешните на Форбес „ 30 под 30 “ вчера победи на Глобалниот Инвестициски настан Мајами 2021.

Ова е прва победа на македонска компанија која на настанот беше презентирана од основачот Аријана Коскарова на инвестициски самит во САД.

Овој настан кој поради пандемијата се одржа виртуално, е организиран од Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели ( WBAF) и Институтот за Data Science од Мајами.

Creative Hub беше единствен стартап од Европа, а целта беше токму привлекување на инвестиции за развој на бизнисот и отворање на нов пазар во САД.

„ Првпат после 4 години од отворање на бизнисот повторно застанав на сцена во улога на стартап. Со оглед на фактот што останатите компании беа од областа на канабис, medtech, fintech и воедно беа американски старапи не мислев дека имаме шанса. Но нашата презентација му се се допадна на жирито и токму проблемот кој го решаваме, а тоа е потребата од нови вештини кои ги налага растот на технологијата. Во САД до 2030 година ќе има недостаток од 85 милиони работници од областите на кои се нашите Академии. Тоа заедно со нашиот бизнис модел и реалните податоци кои ги презентиравме ни ја донесоа победата. Оваа победа е само почеток на успех на нашата компанија надвор од границите на нашата земја. “ изјави Аријана Коскарова, основач на Creative Hub.

Глобалната Инвестициска Сцена ( GFRS) е интернационална ко-инвестициска платформа за инвеститори, стартапи и бизниси со голем потенцијал за раст кој има за цел да им отвори можност за глобализација на бизнисите преку собирање на инвестици од верификувани инвеститори.