Црквата е мала, но прави големи чуда: По молитвата во Стрмостен добиле дете - „Човек мора да види и доживее“
Дека Божјите чуда навистина се случуваат и дека искрената
молитва навистина има посебна моќ, докажува примерот на свештеникот Александар
Аранѓеловиќ и неговата сопруга, кои долги години се мачеле да добијат дете, но без успех. Меѓутоа,
кога владиката го испратил да служи во црквата Свети Петар и Павле во селото
Стрмостен на брегот на реката Расина кај Деспотовац, сè се променило.
- Секоја црква сама по себе е света, а од нас зависи колку ќе веруваме во чуда што ќе се случат. На ова место пристигнав во декември 2016 година, со сопругата се помоливме за рожба и нашата Николина се роди лани во месец април, токму на Цветници кога и јас бев ракоположен за ѓакон. Наследници добија и моите колеги кои дојдоа како мене, млади и без деца. Со молитвите на светите апостоли Петар и Павле, на кои им е посветена црквата, се случија чуда - рече свештеникот Александар.
Светилиштето во кое се молела оваа млада брачна двојка е вистински дом Божји, каде што мештаните со задоволство доаѓаат.
- Мора да се види и доживее. Црквата не зрачи со никаков луксуз, и евсушност прилично едноставна. Многу работи кои се наоѓаат овде бараат инвестиции, замена и многу повеќе, но самото тоа зрачи со хармонија, мир и благосостојба. И тоа е она што всушност ја прави посебна – вели тој.
И жителите на селото Стрмостен веруваат во чудотворната моќ на овој храм и тврдат дека таму „има нешто“.
- Кој доаѓа во оваа црква, потоа се венчава многу брзо, а животот почнува да им се подобрува. Неколку свештеници од оваа црква станаа успешни родители. Благодарение на моќите на овој голем светец и апостолите Петар и Павле, нашите училишта и градинки се полни - велат мештаните.
Фото и Видео: Youtube
Извор: рина