ЦРНАТА ОБЛЕКА ПОВТОРНО КАКО НОВА: Трик кој на омилената облека ќе и ја врати бојата

Добивај вести на Viber

Вашата омилена гардероба во црна боја избледе? Не грижете се, постои евтин трик кој навистина спасува.

Колку и да е квалитетна, црната гардероба има тенденција со време да избледува, поради што треба со посебно внимание да се води сметка за одржувањето.

Сепак, ако забележите дека таа ја изгубила првичната боја, може да се послужите со еден трик кој ги воодушевил домаќинките. Се што ви е потребно е црн бибер.

Кога црниот веш го ставите во перална, додајте една кафена лажица црн бибер во прав (околу 5 грама). Потоа вклучете ја машината и перете ја облеката на стандардна програма.

Како влијае овој трик?

Облеката белее поради насобраниот детергент, а абразивноста на биберот ќе ги исчисти сите остатоци, додека црнилото на зачин ќе и даде дополнителна црна нијанса на вашата облека.