„Црниот пантер“ доби син на 53 години: „Никогаш не е доцна! Сакан си без мерка“
Наоми Кембел стана горда мајка на момче. Познатиот супермодел на својот Инстаграм ја објави среќната вест и изјави дека никогаш не е доцна да се стане мајка.
Наоми Кембел, која има 53 години, ја објави веста која веднаш привлече големо внимание кај нејзините пријатели и обожаватели.
На фотографијата на која супер моделот објави дека станала мајка на мало момче, може да се види Наоми како го лулка момчето додека нејзината двегодишна ќерка го држи за рака.
- Малечко мое, знај дека си сакан неизмерно и опкружен со љубов од моментот кога нè дополни со твоето присуство. Вистински дар од Бога, благословен! Добредојде момче. Никогаш не е доцна да станеш мајка – напишала Наоми во својата објава.
Објавата на Наоми, која за многумина беше големо изненадување.
Фото: Инстаграм /Youtube - screenshoot