Црно-бел контраст, минимализам и елеганција: Станот на Вики во Белград на вода е луксузно катче (ФОТО)
Познатата пејачка скапата вила на Бежанијска коса ја замени со стан во срцето на главниот град и ја опреми по нејзин вкус.
Популарната фолк пејачка Виолета Вики Миљковиќ со години е во хармоничен брак со Драган Ташковиќ Ташке, со кој води мирен семеен живот.
Сопружниците, инаку, родителите на момчето Андреј, долго време живееле во населбата Бежанијска коса, каде имале скапа вила, но пред неколку години решиле да се преселат во центарот на градот.
Тие меѓу првите купија стан во Белград на вода, луксузен комплекс на брегот на Сава, во самото срце на Белград, а пејачката се потрудила да ја прилагоди внатрешноста на нивните потреби и да ја претвори во мала семејна оаза.
Вики е позната по тоа што не споделува многу детали за својата приватност со јавноста, па тоа не го прави ниту на социјалните мрежи. Затоа нејзините следбеници немаат можност често да ѕирнат во нејзиниот дом.
Како што Вики покажа на Инстаграм, нејзиниот дом е многу простран и уреден со вкус, а таа се одлучи за минималистички стил. Затоа, во нејзиниот стан нема премногу детали, а забележлив е и црно-белиот контраст: додека ѕидовите се светли, столаријата е во црна боја, исто како и квалитетните драперии.
Како што пишуваа медиумите кога Вики првпат го купила овој стан, поставила џакузи на терасата, а се пишуваше и дека одвоила дури 1.500.000 евра за вкупно три недвижности во Белград на вода, од кои две се издаваат.Најубавиот дел е секако божествениот поглед на главниот град, во кој пејачката може да ужива со утринското кафе, а нејзиниот стан е совршено осветлен.
фото: инстаграм