Црно-белата комбинација ѝ била омилена отсекогаш: Милена Антовска пред 11 години изгледала вака
Милена Антовска е една од најшармантните ТВ водителки кај нас.
Секогаш фино дотерана за пред малите екрани, често со следбениците на Инстаграм споделува каде е и што прави, како е облечена, а знае да изненади и со фотографии од пред неколку години.
Така пред неколку дена, Милена се потсети на далечната 2012 година.
Црно-белата комбинација ми била омилена секогаш, напиша Милена.
Мила, речита и позитивна пред камерите. Милена Антовска Станковска водителката на Канал 5 вели дека за да се постигне тоа потребно е да се биде искрен, чесен и да се работи на себе - да се надоградуваш на секое поле.
Првото појавување пред камерите од оваа дистанца го доживувам како...нешто што дефинитивно ми го промени дотогашниот живот.
Пресудно да останам во телевизја и да се занимавам со оваа професија беше...љубовта кон новинарството, желбата и потребата да се дознае, покаже и докаже вистината и реалноста.