Д-р. Арбен Аголи: Јас сум добар, но стравувам за мојата повозрасна мајка
Се чувствувам добро, и покрај тоа што тестот покажа дека сум позитивен на коронавирусот, јас се уште немам никави симптоми, вели д-р. Арбен Аголи од Дебар, во телефонска изјава за Фактор. Д-р. Аголи, колегата на прво заразениот д-р. Илбер Кокале, педијатар од Дебар, појаснува дека неговиот колега првиот конаткт со заразени од коронавирусот го направил на 7 март, и само по неколку дена ги почувствувал симтомите.
Може ли да има повеќе заболени во овој синџир, бидејќи д-.р Аголи, несвесно и несакајќи уте нејколку дена имал контакти други луѓе, па и итни пациенти. На неговите настојувања да направи тестови, му било кажано да почека уште неколку денови.
-На 11 март, колегата веќе имаше мала малаксаност, изгледаше уморно, по што го направи и тестот кој се покажа дека е позитивен. Јас немав симптоми, па ме советуваат да почекам неколку дена за да се тестирам. Тие денови, кога останав сам, ординацијата практично и не работеше, но сепак примав итни случаи, а имав и контакт со други луѓе, се поздравував и така натаму. По 5-6 дена повторно исистирав на тестирање, по што, за жал и мојот тест се покажа дека е позитивен на вирусот, вели д-р. Аголи.
Сега д-р. Аголи е во домашна самоизолација, и вели дека не се плаши, бидејќи нема други пропратни заболувања и некакви сериозни медицински состојби. Единствено стравува за неговата мајка, која е повозрасна жена.
Целиот текст прочитајте го на Фактор.