Д-р Јадранка: Не можам да гледам колку повеќе пари можам да извлечам од несреќата на пациентот

Добивај вести на Viber

На својот блог на Фејсбук, д-р Јадранка направи едно искрено обраќање до публиката, со кое објасни зошто нема своја ординација и јавно ги замоли да не ѝ праќаат резултати за да им даде свое стручно мислење.

Објавата во целост:

„МОЛАМ, НЕ МЕ ПРАШУВАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Постојано во инбокс имам прашања зошто немам ординација и зошто не ја обновувам лиценцата за класична лекарска работа во здравствениов систем?

Затоа што, за да работи ординацијата јас треба да бидам расипан бизнисмен и единствена преокупација да ми е да обезбедам доволно пари за:

Кирија, струја, вода,

Плата за сестрите,

Рата за купените апарати,

Одење на конгреси и семинари за да ми го плакнат умот и да ми ја обноват лиценцата,

За даноци по основ на фирма и периодични и завршни сметки

Плата за мене и друго...

За да го обезбедам сето тоа треба пациентите буквално да ги мотам, да ги викам на некакви си непотребни проверки, интервенции, да ги праќам кај некои болници со кои имам "добра соработка", или кај "врвни доктори по моја препорака"...

Со еден збор, да гледам колку повеќе пари можам да извлечам од несреќата на пациентот!!!

Па не можам!!!! Не можам тоа да го правам!!!

Не ми одговара системот, не ми одговара на моите убедувања!

Затоа решив да не заработувам од медицината!

Немам пари ама имам слобода!

Уште еднаш молам, не ме прашувајте во инбокс, не ми праќајте резултати да ви ги толкувам. За се што сакате да знаете разговарајте со докторите кои се дел од системот, тие постојат за тоа.

Во врска со некои научни сознанија, медицински постапки и актуелни здравствени состојби јавно го кажувам моето мислење и е бесплатно достапно за сите!“