Д-р педијатар имунолог Катарина Ставриќ: Кога млекото е повеќе од храна

Добивај вести на Viber

Млечните производи заземаат важно место во пирамидата на исхраната за сите возрасни групи, а особено за децата. Нивниот состав и нутритивни карактеристики учествуваат и поттикнуваат многу процеси во организмот и обезбедуваат правилен раст и развој на детето. Протеините, витамините и минералите од млекото, влијаат на зајакнувањето на коските, но се еднакво корисни и за другите возрасти за одржување на здрави коски и превенција на остеопороза кај старите лица.

Најдобар начин за примање на потребни витамини е преку храната. При тоа се обезбедува максимална искористливост на истите и нема опасност од преголемо внесување на одредени витамини. Збогатување на млеката со витамини, особено тие кои му фалат на организмот и потребно е нивно секојдневно внесување, како што е Битолско млеко со 10 витамини, е познат метод со кој се обезбедуваат дневните потреби на важните витамини. „Млекото е производ што секој, од дете до возрасен, го сака. Затоа, млеко збогатено со витамини е еден начин на задоволување на потребите на организмот со одредени витамини. Секако, разновидната секојдневна исхрана не треба да се замени само со млеко збогатено со витамини”, вели за млеката со витамини д-р педијатар Катарина Ставриќ.

Во ова млеко, покрај витамините А и Б, витаминот Д има најважна улога во развој на здрави коски, подобрувајќи ја искористливоста на калциумот од млекото и негово вградување во коските. Витамините А, Д и Е спаѓаат во групата антиоксиданси и имаат важна улога во заштита на клетките од оштетување од слободните радикали на кои сме секојдневно изложени. Ова не е важно само за децата кои интензивно растат, туку и за сите возрасни групи. Б витамините се кофактори на бројни ензими во телото и се вклучени во регулирање на бројни метаболни процеси во организмот. Затоа е потребно секојдневно нивно внесување преку храната.

„Користа  од внесувањето млечни производи не може да се изолира само на поттикнување на правилниот развој на коските, туку еднакво исто влијание има и врз сите системи и целиот организам.Она што го јадеме сега, ќе биде важно за целокупното наше здравје во иднина“, дополнува д-р Ставриќ.