Да можев да бирам пак тебе би те избрала за сестра: Маријана со емотивно видео ѝ честиташе роденден на Росана

Добивај вести на Viber

Најпознатите естрадни близначки Маријана и Росана денес прославуваат роденден, тие наполнија 59 години.

Едната во Македонија, другата во Австралија, но во срцата секогаш се заедно. Иако се близначки поради временските разлики роденденот го прославуваат во различни денови.

„Мојата сестра, моето се, мојата Росанче, мојата душа, мое сонце, мое небо, мојата ѕвезда … Да можев да бирам пак тебе би те избрала за сестра. Среќен ти роденден, здрава, жива и секогаш насмеана да си ми“, напиша емотивна порака Маријана за нејзината сестра.


Маријана која долги години живее во Австралија, на својата сестра Росана ова утро на клавир и го отпеа нивниот голем хит „Свири ми брате цигане“ и така и го честиташе роденденот.

„За мојата Росана … за сите вас … така ми дојде“, напиша Маријана на видеото.


Дека си недостасуваат една со друга, покажуваат и коментарите под објавата.

Росана трогната од гестот на нејзината сестра во коментар напиша „Мила моја, не се договоривме да ме расплакуваш“, додека нејзината сестра и напиша: „Ах, да можев да те гушнам на овој ден“.

Фото: Фејсбук