Да негуваме разбирање, слога и човекољубие: Претседателот Пендаровски упати честитка до сите православни верници за Богојавление - Водици
По повод големиот христијански празник Богојавление - Водици, честитки до сите православни верници упатија бројни познати личности од светот на политиката, шоубизнисот, споротот... Еден од нив беше и претседателот Стево Пендаровски.
Имено, тој ја упати својата честитка до сите православни верници и до поглаварот на Македонската црква - Охридска архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г-дин г-дин Стефан.
„Почитувани сограѓани,
Имам особено задоволство и чест да ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици и најискрено да посакам пред се добро здравје, радост, среќа и бериќет.
Чинот на фрлање на светиот крст и годинава ќе не собере покрај македонските води за заедно да го посведочиме јавувањето на Бог и да ги наполниме срцата со надеж и верба.
Симболиката на прочистените води нека ни биде мотив за духовно прочистување и инспирација за добри дела.
Да негуваме разбирање слога и човекољубие, постојано дарувајќи љубов, грижа и внимание.
Нека ни е честит и вековит празникот Богојавление- Водици!
Бог се јави!“ - наведе претседателот во својата честитка.
фото: Фејсбук