Наркоманска навика е прејадувањето: Диетата со која Андрија Милошевиќ ослабна 20 килограми
Српскиот актер Андрија Милошевиќ ја доведе линијата до совршенство. За една година му појде од рака да ослабне 20 килограми и тоа, како што вели, дури тогаш кога сфатил дека не постои универзална диета што може сите да ја применуваат.
Ѕвездата од хит-серијата „Андрија и Анѓелка“ призна дека имал неколку обиди да се ослободи од вишокот килограми со рестриктивни методи, но без долгорочни резултати.
- Проблемот е во главата. Се прејадуваме бидејќи тоа е наркоманска навика. Мора да заборавите на заситените масти и тоа трае од четири до пет месеци. Мора да ви се случи „клик“ во главата. Да се ресетирате. Само си кажав: „Од сега до крајот на животот ќе се хранам здраво“ - раскажува популарниот актер.
Сега јаде на секои три до четири часа и тврди дека не се ограничува ни кога се во прашање намирниците кои ги сака.
- Не се откажав од ништо, само научив намирниците без кои не можам повеќе да не ги комбинирам, туку да ги консумирам одвоено. Ручам печен компир, печурки и салата бидејќи тоа го сакам. Боранија запекувам со пармезан и со неколку капки маслиново масло. Важен е и јогуртот, а она што на сите им гои препорачувам е да ги проверат желудочните ензими, односно да дознаете што ви годи, а што не. Цел живот јадев црвено месо, а потоа со таа анализа сфатив дека не ми одговара. Сега исхраната ми се базира на риба и на зеленчук. Секогаш пијам чаша црно вино. Кога сте гладни слободно јадете, но тоа нека бидат здрави оброци - советува Милошевиќ.