Повозрасните жени во Јапонија се чувствуваат изолирано, па затоа се насочуваат кон криминал со надеж дека затворот ќе им овозможи нов дом.
Состојбата е таква затоа што младите денес не се грижат за старите како порано во оваа земја. Тоа го докажуваат и статистичките податоци според кои бројот на стари лица што живеат сами во Јапонија, се зголемил шестпати во перидот помеѓу 1980 и 2015 година, на шест милиони.
Истражувањето направено во главниот град Токио во 2017 година, покажало дека 50 отсто од повозрасните лица кои краделе, живееле сами, додека 40 отсто од нив немале семејство, ниту роднини.
Постарите жени претставуваат и економски поранлива категорија во однос на мажите, па тие почесто се одлучуваат на вакви драстични мерки.