Дали ги препознавате: Едната дете, другата нејзин идол-денес познати македонски пејачки

Дали знаете кои се овие две познати македонски пејачки?

Имено станува збор за прилепчанката Оливера Ѓоргоска која денеска живее и работи во САД, и кавадарчанката Наташа Малинкова.

Оливера Ѓоргоска ѝ е позната на македонската публика како згодната пејачка со моќен глас од музичкото шоу „Моја ѕвезда“, по неколку свои песни, а и настапи на музички фестивали.

Фотографијата ја објави Оливера која откри дека тоа е нејзин прв музички настап, на фестивалот „Мелфест“.

Покрај оваа, таа објави и уште неколку фотографии од нејзиното детство.