Дали се сеќавате на Марко од „Илузија“? - Денес е големо момче, а еве како изгледал како мал во рацете на Тијана (ФОТО)
Оние кои го гледале овој македонски филм сигурно се сеќаваат на ова момче, кое имаше исклучителна улога во филмот.
Марко Трифуновски во „Илузија“, додека во реалноста зад овој лик стои Марко Ковачевиќ, кој ја имаше главната улога во дебитантскиот филм на Ристовски.
По ангажманот во филмот „Илузија“, каде Марко играше рамо до рамо со големите актерски имиња како Владо Јовановски и Никола Ѓуричко, актерството го одбра и како негова професионална определба. Се пресели во Лос Анџелес и дипломираше на „Стела Адлер“, престижна академија за глума на која студирале и холивудските ѕвезди Марлон Брандо и Ал Пачино.
Марко кој денес е големо момче познато е дека е во роднинска врска со македонските пејачки – сестри Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ, односно тие се први братучеди. Неретко на нивните инстаграм профили споделуваат заеднички фотографии со Марко од заеднички семејни седенки.
Ретро фотографија, каде Марко е навистина многу мал, објави Тамара. На фотографијата се тројцата братучеди, Тијана како најголема, го држи Марко во раце.
Фото: ИнстаграмИНТЕРВЈУ МАРКО КОВАЧЕВИЌ: Блиска средба со ѕвездите на Холивуд