Дали смееме да палиме свеќа за живите: Грев кој го правиме несвесно

Некои верници сметаат дека во црква се палат онолку свеќи колку што луѓе се споменуваат во молитвата. Се верува дека се пали по една свеќа за една душа.

Претходно свеќите се користеле во куќите и храмовите за да ја осветлат просторијата. Во почетокот доминирале во храмовите. Со поминувањето на времето свеќата станува симбол на светлоста која се врзува со добар почеток.

- Јас сум светлоста на светот- вели Исус Христос. На основа на ова може да заклучиме дека свеќата не е симбол на човековата душа.

Според рускиот свештеник Александар Белослудову, свеќата е симбол на молитвата. Но нејзиниот пламен не ја заменува молитвата.

Свеќата како и иконата и темјанот имаат функција, верниците да ги доведат во вистинско расположение. Со оглед на тоа купувањето и палењето свеќи во црква според овој свештеник нема никаква функција освен чиста донација на црквата.

На Господ единствено му е важно да е чисто нашето срце и молитвата да ни биде искрена, а колку свеќи палиме и на кој ги наменуваме- тоа не е важно.

На прашањето на верниците дали свеќата за починатите може да се пали и на некое друго место освен во црква и на гробишта, руските свештеници велат дека е важно да се молиме за душата на покојниот, а свеќа може да запалиме каде што сметаме дека е потребно.