Дама: Кралицата Ранија во свила и детали кои кажуваат зошто таа е на модниот трон

Добивај вести на Viber

фото:Profimedia

Според многумина, најубавата кралица на светот, Ранија од Јордан, моментално е на официјално патување во Америка, а за нејзиниот најнов стајлинг пишуваат сите светски медиуми.

Кралицата Ранија и кралот Абдула Втори моментално се на службено патување во Соединетите држави со нивниот син принцот Хусеин, а по тој повод, по средбата со првата американска дама, Џил Бајден, кралицата на Јордан се сретна со директорот на НАСА, Бил Нелсон и неговиот сопругата Грејс, на празничен ручек.

За оваа свечена пригода, една од најубавите жени на кралскиот двор и најдобро стилизирана дама, избра бела свилена кошула со необичен крој и розово миди здолниште со набори.

фото:Profimedia

Има светло розеви салонки на нозе, и дамска бела чанта во раката - совршенство.

извор:GLOSSY