Даниел Кајмакоски ја покажа мистериозната девојка: Дали таа е неговата нова понежна половина?

Откако ја заголицка јавноста и обожавателите со фотографиите на кои покажа дека ужива во женско друштво, Даниел Кајмакоски се осуди и ја покажа мистериозната убавица.

На Инстаграм, пејачот кој пред скоро 4 години стави крај на бракот со екс мисицата Кристина Димитриевска, сподели неколку фотографии од летниот одмор, кој го поминува во Охридско.



„Преку 30 години го посетувам ова место и уште е иста молитвата и желбата за мене и моите најблиски, а и за сите луѓе на овој свет. Господе дај ни здравје, мир, љубов и повеќе време со оние кои најмногу ги сакаме. Ви ја праќам сета љубов од ова свето место.“ - напиша Даниел алудирајќи на манастирот Свети Наум. Дали црнокосата девојка е новата понежна половина на Даниел, останува тој или времето да ни открие.

По разводот од мисицата, Даниел Кајмакоски повторно во женско друштво: Пејачот вака ужива на плажа