Актуелно // Insta вести
Даниел Кајмакоски направи свадба во Белград: Тој во лежерен ленен костим, невестата во кратка венчаница со старки
Пејачот Даниел Кајмаковски кој веќе неколку години живее во Белград со синот Стефан и сопругата Марина, вчера направи свадбена веселба за најблиските, а на забавата присуствуваа и пријатлеи од естрадата меѓу кои беше и Маид Хечимовиќ.
Иако парот го кажа судбоносното „Да“ во 2023 година, а оваа одлучија да направат и свадбена веселба со оглед дека синчето е веќе поглемо.
Истата ја организираа во една позната српска кафеана, а дека поминале одлично говорат и насмевките на нивните лица.
„Па еве имаме цел бенд и придружни вокали … Ви благодариме што ни го разубавивте денот … Ве сакам вас и вашето прекрасно семејство“, напиша Кајмаковски под фотографијата на која се тој и Маид со семејствата.
Честитки!
Фото:Инстаграм