Даниела се преселила во Дубаи и тврди дека никој не зборува за ужасот со кој се соочуваат: „Се ѐ добро и сите се среќни, но...“

Добивај вести на Viber

Се чини дека Дубаи е најпопуларната земја во светот - не за одмор, туку за преселба и започнување нов живот. Бескрајните можности, без разлика на степенот на образование или работното искуство, луксузот на секој чекор, без оданочување на платата, мешаната култура, но и топлата клима очигледно привлекуваат се повеќе луѓе од ден на ден, како и фактот дека хаштагот #movingtodubai на Социјалната мрежа ТикТок сведочи за тоа има околу 90 милиони прегледи!

И додека повеќето корисници на мрежата зборуваат за позитивните аспекти од секојдневниот живот во Дубаи, една атрактивна Британка неодамна откри која е најголемата негативна страна на живеењето во овој далечен град.

Имено, 40-годишната Даниела последните десет години ги поминала во овој емират неколку недели околу новогодишните празници, а неодамна решила да се пресели тука со сопругот и децата.

Таа го продаде својот салон за убавина во Велика Британија, а моментално бара постојано сместување за своето семејство. На TikTok таа објасни и зошто ја избрала оваа одлука, со оглед на тоа дека и во својата татковина живеела доста добро: „Безбедно е, чисто е, убаво е, времето е добро, најдобриот персонал во светот работи овде. Сите се среќни. Која работа и да ја работат, среќни се. Хигеничарката е среќна, келнерот, сите се среќни“.

Сепак, Даниела ги предупреди сите што имаат намера да се преселат во Дубаи за една неочекувана непријатност за која никој не зборува. Имено, таа тврди дека луѓето кои таму се во врски „не се безбедни“.

„Има само една лоша работа овде, едвај нешто што не е безбедно овде, а тоа е вашиот маж. Жените овде се диви, навистина диви. Затоа внимавајте", изјавила Даниела.

Видеото предизвика големо внимание и бурни реакции, а во коментарите жени оставија свои искуства, тврдејќи дека во Дубаи живеат премногу атрактивни жени, споредувајќи ги со „бонбони за мажи“.

Фото: Принтскрин/ Тик ток
Извор: Zena.blic.rs