Данијела Мартиновиќ и Камила Кабељо во истиот впечатлив H&M фустан: Која подобро го комбинира (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Модна битка - Данијела Мартиновиќ и Камила Кабељо го носеа истиот впечатлив H&M фустан.

Двете пејачки, едната регионална, а другата светска ѕвезда покажаа како изгледа кога едно исто парче се носи на 25 и на 50 години.  

Хрватската поп пејачка Данијела го носеше за новата сезона на хрватското шоу „Ѕвездите пеат“, а со него искомбинира сандали на платформа. Фустанот го „зачини“ со додаток на глава и тенок црн ремен на струкот. 
Со косата во елегантна пунџа и црвен кармин кој придонесе уште повеќе за дамскиот изглед на 50-годишната пејачка.

Светската ѕвезда пак, 25-годишната Камила Кабељо ја носеше истата креација нешто порано, околу божиќните празници. Таа го искомбинира со црни мрежести хулахопки и црни долги ракавици, а кога станува збор за чевлите и таа се одлучи за платформа.
За пошик изглед, пејачката одбра блескава шминка, дискретни обетки и коњско опавче.  

Повеќе фотки за споредба:


Инаку се работи за креација на шведскиот бренд за облека H&M, а фустанот беше дел од колекцијата The Circular Design Story, од декемвриското дополнување на иновативните приказни на H&M. Колекцијата беше дизајнирана со визија да се чува, споделува, поправа и рециклира.
Овој фустан конкретно е вистинско совршенство - точките, корсетот, тулот (кој е патем направен со рециклиран полиестер), а истиот е познат и како волуменозен тул фустан.

За жал е веќе распродаден и не може да се најде во продажба, но неговата цена беше 549 долари.



Може да ве интересира и:

„Нека ослабе 15 килограми пред да оди на плажа“: Камила одговори со моќна порака која мора да ја прочита секој


Непишано правило е дека врските завршуваат драматично: Данијела Мартиновиќ за првпат си го отвори срцето по турбулентниот период